Skip to main content

Бесплатни едукативни центри за земјоделци

Членовите на советничката листа бр.10 на коалицијата на еколошки граѓански организации денеска одржаа изборни активности во с.Орман.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Членовите на советничката листа бр.10 на коалицијата на еколошки граѓански организации денеска одржаа изборни активности во с.Орман.

На средбата со новинарите екологистите рекоа дека ќе се залагаат да се оформат едукативни центри за земјоделци, каде заинтересираните ќе се едуцираат бесплатно.

Членовите на советничката листа бр.10 на коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид, денес одржаа пресс конференција во с. Орман. Значителен дел од нашите заложби како потенцијални советници се однесуваат на производството на здрава органска храна, шанси за невработените, подобрено јавно здравство и заштита на природните медиуми, почвите, водата и воздухот. Сите овие елементи чинат нераскинлива врска и се природно взаемно поврзани, рече носителот на советничката листа Борис Стојаноски.

екологистиАгробиологијата со големи чекори граби напред, независната листа на екологистите нема да дозволи овој тренд да не згази и одмине. Затоа во соработка со поединци и институции обезбедивме информации препарати и технологии, со кои се овозможува потполно преструктуирање на ѓубрето, агротехниката и заштитата во земјоделтвото и фаќање  чекор со современото европско земјоделие. На средбата со новинарите екологистите рекоа дека ќе се залагаат да се оформат едукативни центри за земјоделци, каде ќе можат заинтересираните да се едуцираат и советуваат бесплатно. Можеме се да направиме и изградиме се , но нашето здравје е непроценливо, зошто без него, се е ништо, беше речено на средбата со Членовите на советничката листа бр.10 на коалицијата на еколошки граѓански организации од Охрид.

 

 

{loadposition content9}