Skip to main content

Kасарната да се претвори во државен универзитетски центар

Независниот носител на советничка листа Владо Цветкоски  предлага касарната да се претвори во државен универзитетски центар.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vlado Cvetkoski
Владо Цветковски
Независниот носител на советничка листа Владо Цветкоски  предлага касарната да се претвори во државен универзитетски центар.

Локалната самоуправа има законска  основа за решавање на проблемите во  училиштата  и ние како советничка група ќе се залагаме  да се  изготвуваат   годишни буџети за подобрување на условите во образованието рече на денешната прес конфренција Владо Цветкоски,носител на независна советничка листа. Од оваа листа предлагаат во Охрид да се  формира средно медицинско училиште и во иднина градот да прерасне во регионален медицински и рехабилитационен центар. Го посочија и примерот на Словенија која наменски ги  искористила просторите на касарните.    Охрид може да го следи овој позитивен пример и касарната да ја претвори во државен универзитетски центар рече Цветкоски.
Во спортот и културата локалната самоуправа има ограничени ингеренции , но како советничка група ќе се залагаме и тука да се издвојуваат во буџетот средства за помагање на културните манифестации потенцира Цветкоски.

presОд  независната советничка листа под реден број 13, ќе се залагаат и за развој на спортот преку финансирање на на школски младински лиги во различни спортови. Основните и средните градски училишта , треба да се носители на организарање на спортските лиги , а да бидат финансирани од буџетот на општината кажа при тоа Цветкоски.

 

 

 

{loadposition content9}