Skip to main content

Оштетно спортското игралиште

Реакција на последните две случувања,  кои не одат во прилог  на коректна кампања упати кандидатот за градоначалник од  Нова Демократија, Васфи Доко.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vasvi Doko
Васви Доко
Реакција на последните две случувања,  кои не одат во прилог  на коректна кампања упати кандидатот за градоначалник од  Нова Демократија, Васфи Доко.

Васфи Доко, градоначалничкиот  кандидат  од Партијата Нова Демократија, на денешната прес конференција  кажа дека вчера  во населбата Воска градежна фирма  при изведување на градежни работи направила штета на спортското игралиште.

„Исечено е благородно дрво, бреза која при тоа  паднала и ја уништила  оградата од игралиштето.Тоа го сметам како атак на мојата личност бидејќи сум претседател на фудбалскиот клуб  Воска, а ние со граѓаните од населбата го одржуваме овој простор “ истакна Доко.  

Nova demokratijaДо пред два дена можевме да зборуваме дека изборната кампања тече мирно, со мали исклучоци, но  случувањето од предходниот ден и ден пред тоа  никако не се во тој контекс кажува Доко. Завчера,  20 –тина партиски активисти кои не сакаа да ги посочат ги искинале плакатите со нивниот градоначалнички кандидат на просторот наменет за бесплатно рекламирање, во близина на ОУ Григор Прличев.
Кандидатото за градоначалник од оваа партија изјави дека и двете случувања не ги пријавиле во полиција не со цел да ги  прикријат туку да не ја подигаат тензијата кај  гласачите. Доко жали што и единствениот ТВ дуел на една  од локалните телевизиски куќи, не се успеало од технички причини до гласачите да стигнат нивните пораки.

Васфи Доко ги повика гласачите да излезат на изборите на 22 и без страв и притисок да го дадат  својот глас по свое убедување.

 

 

 

 

{loadposition content9}