Skip to main content

Перо Стојаноски во посета на едукативен центар ПИ-СИ

Перо Стојаноски беше во придружба на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и раководството на ОК од оваа партија. Од останатите изборни активнисто, на оваа партија, денес ве информираме и за пресс конференцијата, на која акцентот беше ставен на здравството.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Перо Стојаноски беше во придружба на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и раководството на ОК од оваа партија. Од останатите изборни активнисто, на оваа партија, денес ве информираме и за пресс конференцијата, на која акцентот беше ставен на здравството.

Министерот за образовение Перо Стојаноски, придружуван од кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче, и раководството на оваа партија  денеска го посетија едукативниот центар Пи СИ.Целта на посетата беше министерот да се информира како функционира приватниот сектор во делот од образованието. „Ние како држава треба да обезбедиме подеднакви услови за реализација на образованието, без разлика дали тоа е во јавни инсистуции или во приватниот сектор, рече министерот Стојаноски.

Се што беше кажано во контекс на развојот на иднината на Р Македонија, јас го гледам само преку развојот на ваквите дисциплини, пред се на информатичкиот и техничкиот дел, а шансата сите ја имаме, рече Ангел Јанев,сопственик на образовниот центар ПИ СИ.

Pero Stojanoski„Овој едукативен центар значи, знаење за нашите деца. Пи Си претставува пример за тоа како теоретското знаење да се примени практично“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче.
На подоцна одржаната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот за градоначалник Кирил Трендафлиов-Нанче представи два проекти од јавното здравство на чија реализација се чека. Имено станува збор за изградба на ЈЗУ Здравствен дом-Охрид, проект вреден 2.230.000 евра обезбедиени од буџетот, кој ќе биде субститут за маларичната. Техничката документација обезбедена, локацијата е на државно земјиште, во близина на општата болниц, единствена пречка за изградбата на овој објект е тоа што не е уцртана маркицата.

Вториот објект преставува изработката на амбулантана потегот Св.Стефан, Трпејца, Пештани чија функција ќе биде задоволување на матичните здравствени потреби на граѓаните од ова подрачје. Проблемите со реализацијата на овој проект се поврзани со изнаоѓање на локација за негова изградба.

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}