Skip to main content

Крводарителите во акција

Крводарители од Скопје и Прилеп даруваа крв за потребите на болницата Св.Еразмо.

 |  Валентина Нелоска  | 
krvodaritel
крводарител
Соработката на крводарителите со двете болници од Охрид е традиционална. Луѓето кои се хумани и даруваат крв се незадоволни од бенефициите кои ги добиваат од државата.

70 крводарители  од Скопје и Прилеп даруваа крв за потребите на болницата Св.Еразмо. Помеѓу крводарителите се Сребре Трајчески со над 40 пати дарувана крв и Златко Димоски со крводарителство од 67 пати.  Соработката на крводарителите со двете болници од Охрид е традиционална, со 10 годишна соработка. За соработката со општинскиот Црвен крст и двете болници, крводарителите се задоволни, но имаат забелешки на укинатите бенефиции од државата.Велат ги нема некогашните бенефиции  со беспалтни лекови и  стоматолошки  услуги.

krvodaritelЗлатко Димоски е крводарител  и претседател на   ОО ЦК на крводарители од АД Тутунски комбинат Прилеп и има  дарувано 67  пати крв. Во нивниот комбинат вели дека има околу 200 активни крводарители со старосен проеск од 53 години и  стравува дека млади луѓе во нивниот комбинат за крводарителството има помалку.   
Денешната акција организирана од страна на ОО на ЦК Охрид со цел да се одбележи месец Март денот на крводарителите. Точков истакнува дека со крводарителните акции се обезбедуваат потребите на здравстрените установи во општината од крвни единици.

Крводарителите им порачуват на граѓаните  да бидат хумани , да не стравуваат дека со крводарувањето  ќе им се наруши здравствената состојба туку напротив таа ќе им се подобри. Додаваат дека со својата капка крв со која спасуваат живот нема поголемо задоволство.

 

{loadposition content9}