Skip to main content

Врв на хипокризијата на таканаречената Влада

Вака го нарече вчерашниот ден кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Вчерашниот ден беше врвот на хипокризијата на такавиканата Влада на РМ, со овие зборови ја започна денешната прес- конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески. Додека во Струга се случуваше масовна тепачка со крвави последици помеѓу средношколците македонци и албанци, такавиканиот министер за образование и наука цел ден беше во Охрид и постави гинисов рекорд во лажење, рече Петрески.

Петрески се осврна и на урбанизацијата. Носењето урбанистички планови е во интерес на граѓаните, а не поради желба на советот, градоначалникот или администрацијата, додаде кандидатот за градоначалник од СДСМ.

Aleksandar PetreskiДПМНЕ урбанистичката мафија треба да ја бара во сопствените редовии и тоа помеѓу градоначалниците во Скопје, истакна Петрески.
Во врска со обвинувањата од ДПМНЕ за објектот на  Трим, Петрески потенцира дека е изграден од страна на сегашниот кандидат за градоначалник на Струга од ДПА, кој пак потребната документација за изградба ја комплетирал во времето кога заменик министер за транспорт бил од редовите на ДПА. Петрески додаде дека најголемиот број повеќекатни станбени објекти во Охрид се направени пред неговиот градоначалнички мандат.

 

{loadposition content9}