Skip to main content

Соработка СДСМ-НСДП

Во вториот изборен круг кандидатот  Александар Петрески најави соработка  со Новата социјалдемократска партија.

 |  Валентина Нелоска  | 
Igor Ivanoski
Игор Иваноски
Во вториот изборен круг кандидатот  Александар Петрески најави соработка  со Новата социјалдемократска партија.

„НСДП ќе ме поддржи во вториот изборен круг, а во советот веќе е формирано и мнозинството истакна кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Александар Петрески. Штабот на НСДП работи на терен заедно со нашиот изборен штаб “, изјави Петрески.

Иако беше најавено поддршката да биде официјализирана во присуство на лидерот на НСДП, Тито Петковски на средбата тој не присуствуваше. Не се појави  ни претседателот  на ОО на НСДП, Ацо Попоски. Отсуството на Попоски, Петрески, го оправда со недоѓањето на лидерот на НСДП. Петкоски, пак не дошол поради презафатеност со неговата кампања.

„Тито Петковски не можеше да дојде вечерва од причини што како кандидат за градоначалник ги има истите проблеми како и јас и мораше да остане во Скопје. За да нема недоумица она што практично го работима на терен и јавно ќе го потврдиме во наредните денови“, посочи  Петрески. 

трибинаТој додаде дека очекува од 70 до 100 проценти од гласовите на НСДП да се слеат во негова корист.
Во Охрид присуствуваше и шефот на централниот изборен штаб на СДСМ, Игор Ивановски.Тој истакна  дека СДСМ и Александар Петрески во првиот изборен круг победиле во Охрид.
„Петрески има сериозна разлика во однос на противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и што е уште поважно, таа разлика ќе биде уште поголема и во вториот круг“, изјави Ивановски.

Иваноски кажа дека спротиставениот политички табор прави очајнички обиди да ја добие власта во Охрид.

„Жалиме што Гордана Јанкуловска наместо да работи во Скопје каде што луѓето ги тепаат на плоштадот или да оди во Струга кај што има инциденти помеѓу средношколците и да го гони криминалот, таа шета по охридските села, но безуспешно бидејќи никој не и доаѓа“, рече Ивановски. 

И тој потврди дека во текот на следните неколку дена заедно со лидерот на НСДП, Тито Петковски ќе настапат во Охрид и јавно ќе ја потврдат соработката.

{loadposition content9}