Skip to main content

Центарот „Порака“ и ансамблот „Македонка“, добија нови простории

Едногодишните преговори со локалната самопуправа, вродија плод.Она што ни вети, градоначалникот го исполна, велат од овие невладини организации.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Едногодишните преговори со локалната самопуправа, вродија плод.Она што ни вети, градоначалникот го исполна, велат од овие невладини организации.   

Градоначалникот Александар Петрески,ги пушти во употреба новите простории на центарот Порака и ансамблот Македонка. „Овие локации градоначалникот ни ги додели пред година и пол. Локланата самоуправа максимално се заложи во решевањето на нашиот просторен проблем, на што сме максимално задоволни, затоа што конечно некој се сети и на нас, и нашите нереализирани желби“, рече претседателот на невладината организација Порака.

На новоотворените  простории се израдуваа и членовите на организацијата на телесни инвалиди. Тие се благодарни што тие се соодветни за  нивните потреби.

Aleksandar PetreskiИ ансамблот Македонка, со добивањето на новите простории го решеи проблем, со кој се соочуваше повеќе од 3 години.

„Сакам да го изразам големото задоволство и благодарност за успешната соработка што ја остваруваме со речиси сите невладини организации и здруженија кои делуваат на подрачјето на нашата општина“, рече актуелниот градоначалникот.

Покрај интензивирањето на досегашната успешна работа, финансиски ќе ги подржиме и проектите на младинските организации кои работат на превентивни програми за намалување на бројот на зависници од дрога и алхохол, најави Петрески. Ќе формираме детски парламент во кој учество ќе земат младите од основните и средните училишта, како и општински социјален  фонд од кој ќе им помагаме на сите социјално загрозени лица, додаде тој.  За сите социјлни групи граѓани ќе организираме бесплатни курсеви по странски јазици и информатика, како и бесплатни учебни помагала, за децата од оваа категорија наши сограѓани, вети Петрески. За вредните ученици кои немаат можност да го продолжат образованието, а сакаат ќе обезбедиме 50 ученички и студенски стипендии, додаде градоначалникот.

 

{loadposition content9}