Skip to main content

Како се станува градоначалник

Кандидатот за градоначалник Петрески ги потсети  премиерот и неговиот против кандидат како се станува градоначалник.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Кандидатот за градоначалник Петрески ги потсети  премиерот и неговиот против кандидат како се станува градоначалник.

Да не е смешно, навистина е премногу жално кои министри и премиер го водат македонскиот народ
и не е измислена мерка со која може да се измери дното на глупоста ја  започна  Петрески денешната прес конференција. Пет министри и двајца заменици министри одржаа научна трибина, Зошто на Охрид му треба градоначалник како Кирил Трендафилов истакна Петрески. При тоа тој го потсети  премиерот како се станува градоначалник.

Господине Груески „не полициски специјалци, не притисоци и закони,не научни симпозиуми на твоите министри. Ти и твоите многу учени министри не можете да ставите градоначлник во Охрид. Ако сте заборавиле , да ве потсетам дека градоначалникот го поставуваат граѓаните на општина Охрид. Да ве потсетам дека во многу скоро време граѓаните ќе постават и нов премиер затоа што ги изневеривте во целост порача  Петрески.  Тој  во однос на потпишувањата меморандуми за соработка со Перо Петрески Калимеро , Демир Далип  и ВМРО НП при тоа  порача  никој не ги носи гласовите во џеб и секој полнолетен граѓанин треба да гласа по свое убедување.

Алксандар ПетрескиИнаку тематскиот дел на прес конференцијата се однесуваше  на процесот на децентралзиација во охридското образование. Професор д-р Драги Јанкоски потсети на  тешките услови во периодот 2005 -2009,  на успесите кои во оваа област ги реализира досегашниот градоначалник Петрески.
И во  ограничени услови локланата  реализира успешни проекти како што се продолжен престој на  учениците во сите осум основни училишта, работа  со талентирани  ученици и ангажирање на професори по физичко воспитание во паралеките од 1 до 4 одделение и во детската градинка, истакна професор д-р Драги Јанкоски.

 

{loadposition content9}