Skip to main content

Фуере на последни подготовки

Ерван Фуере им укажа на против кандидатите градоначалник за важноста на изборите.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ervan Fuere
Ерван Фуере
Ерван Фуере на средбата  со градоначалничките ривали Кирил Тренадафилов и Александар Петрески, покажа загриженост од извештајот на Одихр.

Специјалниот преставник на ЕУ истакна дека во него се наведени  притисоците и заканите што се вршат врз граѓаните и уште еднаш потенцира дека гласањето е тајно. Фуере кажа  дека ќе ја повика Владата  да ги санкционира ваквите форми, несвојствени за демократските општества.

По завршувањето на средбата, и двајцата против кандидати за атрактивната градоначалничка функција, упатија благодарност до  Фуере и дадоа  кус осврт на средбата. Кирил Трендафилов се заблагодари на напорите кои ги прави Фуере, да имаме успешни избори, да поминат во ред и да имаме достоинствен чин на гласање.

Александар Петрески, пак  рече и ние бар малку да ја сакаме Македонија како Фуере, а не да се однесуваме поинаку.       

Ervan FuereНо, затоа Кирил Трендафилов Нанче на неговата завршна  прес конференција пред новинарите, кажа дека се засрамил  од изнесените критики на Петрески  на средбата со специјалниот преставник.

„Мојот контракандидат не покажа доблест и патриотизам, и  на средбата ја блатеше Република Македонија и Владата “обвини Трендафилов.

На крајот од средбата Ерван Фуере упати апел до политичките партиии и Владата во недела во Македонија да има избори по највисоки демоктарски стандарди. Изборниот процес, во Охрид тој лично ќе го следи, а неговите колеги  ќе бидат низ останатите македонски градови.

{loadposition content9}