Skip to main content

СПМ со поддршка за Нанче

Социјалистичката партија на Македонија го подржа кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Тоа е човекот кој ветува економски просперитет, универзитетски центар и просперитет за младите охриѓани, потенцираа од СПМ.

Охрид е општина со која треба сите граѓани на оваа држава да се гордеат, а посебно ние охриѓани со нашето културно и историско богатство, но и нови потенцијални економски можности, потенцираа од општинската организација на СПМ.

За сето тоа да се случи мораме да избереме градоначалник кој знае како тоа да го направи, кој знае како да ги искористи сите постојни ресурси, кој знае како да направи место со кој сите ќе се гордееме.

„ Затоа сите да гласаме за нов градоначалник на општина Охрид, Кирил Трендафилов- Нанче“, рече Александар Блажески од СПМ Охрид.

На денешната прес- конференција на општинската организација на СПМ, присуствуваа и потпретседателот на партијата, министерот за земјоделство и водостопанство, Ацо Спасеноски и заменик генералниот секретар, Љупчо Димоски.

Во првиот изборен круг граѓаните на општина Охрид и сите политички фактори и институции во државава ја покажаа својата висока свест за демократија и чувство за политичка одговорност. Се надеваме и ги повикуваме истото да го сторат и на 5 април, порачаа од СПМ.

 

{loadposition content9}