Skip to main content

Неофицијално уште еден мандат за Петрески

Според првичните неофицијлни резултати, градоначалникот Александар Петрески доби уште еден мандат.

 

 

 |   | 
logo
лого
Според првичните неофицијлни резултати, градоначалникот Александар Петрески доби уште еден мандат.

„Им благодарам на сите што гласа за мене. Среќен сум што вчерашното гласање во Охрид помина европски“, рече на денешната прес конференција кандидатот од редовите на СДСМ и додаде „Ви ветив дека по изборите првото утринско кафе ќе го пијам со новинарите. Моето прво ветувањето си го исполнувам“.

 

Петрески изрази надеж дека и неговите политички противници ќе соберат храброст и ќе ги одржат нивните ветувања. Додаде дека синоќа од ВМРО ДПМНЕ потврдиле дека изборите биле фер и демократски.

„Не знам зошто сега молчат и ги нема“ рече Петрески. Тој на прес конференцијата ги образложи и резултатите од нивниот аналитички центар за Претседател на РМ и градоначалник.

presИнаку, портпаролот  на ОО на СДСМ ги изнесе и првичните резултати на Општинската изборна комисија. Лидија Апостолоска рече дека кандидатот на СДСМ Александар Петрески има 17015, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче  16593 гласови. Разликата била 422 гласови во корист на Петрески. Неважечки биле 863 гласачки ливчиња.

Портпаролот на СДСМ ги презентираше и првичните резултати за Претседател на РМ. Според ОИК, Ѓорѓе Иванов освоил 18786 гласови, а Љубомир Данаилов Фрчковски  13290 гласови. Разликата е 5496 гласови во корист на Иванов. Неважечки ливчиња биле 2055, информира Апостоловска.

{loadposition content9}