Skip to main content

Со оптимизам и ведрина против болестите

Денес во светот се одбележува  денот на здравјето.

 |  Валентина Нелоска  | 
Слободанка Коцевска
Slobodanka Kocevska
Стручните лица се повеќе алармираат за  голем број заболувања предизвикани од стресни ситуации. Специјалистот по социјална медицина,  д-р Слободанка Коцевска состојбата со заболувањата во оптина Охрид и Дебрца ја следи повеќе од 20 години. Истакнува дека последните 10 години се посебно стресни за сите нас. Минатата година најмногу  лекарска помош побарале лицата на возраст од 64 до 75 години , а веднаш зад нив се лицата  на возраст од 45 до 54 години.

Почести посетители во медицинските установи  била женската популација. Најчесто граѓаните страдаат од срцево – садови заболувања, повишен крвен притисок и дијабетес, а посебно на удар од овие заболувања се стечајците и невработените лица вели д-р Коцевска. Таа упатува порака до граѓаните  да ги избегнуваат стресните ситуации  и на животот да гледаат со поголема доза на оптимизам и ведрина.

Slobodanka KocevskaПокрај стечајците и невработените, на удар се и одредени професии.  Во врвот на стресните професии се наоѓа и новинарството. Новинарите во  трката со времето и информациите  секојдневно се соочуваат со голем број стресни ситуации кажуваат колегите Билјана Николоска од МХ радио и Јован Трпески од ТВ Морис.

Актерот – аматер Таши Лаброски има свое видување за она што го работи во однос на стресната професија кај професионалците. Кај нас аматерите нема стрес туку тоа ние издувен вентил, што не случај кај професионалните актери смета Лаброски.
Статистичките показатели од регионалниот ЗЗЗ покажуваат дека во Охрид, во минатата година лекарска помош побарале 77. 855 граѓани или во просек биле извршени 2 прегледи по жител. Првото  место го заземаат срцево садовите  заболувања, а потоа следуваат хипертензијата, болестите на дишните патишта  и  мускулно скелетните болести. Се почесто  замав земаат и заболувањата на органите за варење, неурозите  и психозите потенцира д-р Слободанка Коцевска,  од региналниот  завод за здравствена заштита. 

 

{loadposition content9}