Skip to main content

Итрините на Итар Пејо

По изведбата на преставите „Пепелашка“ и „ Децата на дедо мраз “, децата од драмското студио при ЦК Григор Прличев , ќе се престават со „Итрините на Итар Пејо“, во драматизација и режија на Ташко Лаброски.

 |  Валентина Нелоска  | 
plakat
плакат
По изведбата на преставите „Пепелашка“ и „ Децата на дедо мраз “, децата од драмското студио при ЦК Григор Прличев , ќе се престават со „Итрините на Итар Пејо“, во драматизација и режија на Ташко Лаброски.

Вистинско задоволство беше 6 месечната  работа со  децата од студиото кои се интерсираа  и сакаа да научат што е можно повеќе за сценските и говорните вежби вели Лаброски.

Tasko LabroskiДецата го  сакаат театарот, а тоа го  потврдува  одличниот прием на двете одржани престави. „Пепелашка“ со 15 изведби ја видоа околу 5000 посетители, а скоро истиот интерес го предизвика и преставата „Децата на дедо мраз“, вели Драгана Боцевска  директорката на ЦК Григор Прлеичев, во чии рамки работи детското драмско студио.   

„Итрините на Итар Пејо“  основците од охридските училишта ќе може да ја видат на 10 април со почеток во 19 часот. Во преставата играат  децата од драмското студио Илија Левески, Ева Лазаревска, Мартина Гаврилоска, Михил Арсенов, Димитар Арсенов и Дамјан  Петкоски на возраст од 9 до 14 години.

 

{loadposition content9}