Skip to main content

Жителите од Орман се плашат за своите животи

Местото викано Блато, кое е дел од ловиштето Косел, е во непосредна близина. Ловиштето е под Концесија речиси 10 години, велет од здружението на ловци.

 |  Татјана Маленкова  | 
tabla
табла
Местото викано Блато, кое е дел од ловиштето Косел, е во непосредна близина. Ловиштето е под Концесија речиси 10 години, велет од здружението на ловци.  

Жителите од Орман се жалат дека додека тие работат во полињата, ловците ловат фазани. Велат, додека ние ги извршуваме секојденевните обврски, до нас слушаме како свират куршуми.

„Се плашиме за нашите животи“, вели нашиот соговорник, во име на сите кои одбиваат да излезат пред камерата на ТВМ.

selanec na ОrmanВо интерес на вистината ТВ М контактираше со здружението на ловци од Охрид. Целакоски Зоран, вели дека здружението на ловци располага со 4 ловишта, 2  за крупен дивеч во во завој и брежани и 2 за ситен дивеч во Мешеишта и Косел.  Местото викано Блато, за кое  до вашата тв куќа има поплаки од граѓаните, спаѓа во ловиштето Косел, вели Целакоски. Ловците од нашето здружение последен пат излегле на терен во атарот на селото Орман, тогаш кога жителите, ни се пожалија дека им престои опасност од штетен дивеч.Од тогаш се и чаурите таму, вели нашиот соговорник.

4-те ловишта, кои здружението на ловци  ги има добиено на концесија се во времетраење од 10 години. Договорот за нив, како што не информираа, бил склучен на 17 мај 1999 год.

 

{loadposition content9}