Skip to main content

Македонско-црногорскиот деловен совет

Во Охрид заседава Македонско-црногорскиот деловен совет.

 |  Татјана Маленкова  | 
Velimir Mijuskovic
Велимир Мијушковиќ
Учесниците дискутираат за можностите за унапредување на меѓусебата економска соработка, како и за влијанијата на актуелната светска економска криза врз националните економии на двете земји.

Покрај претседателите на стопанските комори на двете земји на денешната работна средба учествуваат и по десет стопанственици односно раководители на поголеми стопански субјекти од Македонија и Црна Гора.

„Воглавно сме врзани за инфраструктурното поврзување преку Албанија, кој се користи како нов коридор кој е интересен и за стопанствениците и за туристите, рече претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески.

– Нивото на трговската соработка меѓу Македонија и Црна Гора четири години воопшто не е променето. Имаме некои конкретни предлози за подобрување на состојбата, главно врзани за инфраструктурното поврзување преку Албанија како нов коридор интересен и за стопанствениците и за туристите, истакна претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ, истакна дека на денешната средба била анализирана состојбата од пред две години и сега.

„Заклучивме дека меѓудржавните односите се подобрија но не во онаа мера како што очекувавме“,истакна  Мијушковиќ.

-Разговаравме за влијанисто на кризата на една и друга земја и заклучивме дека имаме случни проблеми. Заклучивме дека имаме слични проблеми и во металската индустрија и градежништвото, туризмот. Разговаравме и кои се клучните проблеми што нашата размена е на толку ниско ниво.

Dimitar BelcevДимитар Белчев од Советот за регионална соработка при МНР ги запозна учесниците на средбата со активностите што ги презема државата за поттикнување на регионалната соработка, а со цел привлекување на европските фондови на национално и регионално ниво.

-Идејата е стопанствениците од двете земји да ги идентификуваат заедничките проекти што би можеле да бидат интересни за институциите на ЕУ и на други донатори за поддршка на регионалниот развој. Во прв ред тука спаѓаат проекти од сообраќајната и енергетската инфраструктура, како и подобрување на квалитетот на службите што се директно врзани со билатералната стопанска соработка.

Македонија со статусот земја-кандидат за членство во ЕУ може да аплицира до претприемните ИПА фондови, додека Црна Гора како апликант за членство има ограниченоста во пристапот до средствата. Со аплицирање за заеднички проекти, средства  можат да се добијат полесно и побрзо, рече Белчев.

{loadposition content9}