Skip to main content

Екстерно оценување во oсновните и средни училишта

Пред крајот на учебната година на учениците им претстојат две тестирања. Интерно и екстерно.

 |  Татјана Маленкова  | 
ucenik
ученик
Интерното оценување е за трето оделенците, а екстерното кое ќе се спроведе од 1 до 10 јуни, за сите останати. Учениците уплашени од она што им претстои, а дел од професорите ги смируваат дека нема потреба од паника и дополнителен труд.

Привршуваат подготовките за екстерното оценување на учениците во основните и средните училишта. Оваа новина, која ќе се спроведе од 1 до 10 јуни, е воведена за проверка на објективноста на добиените отценки на учениците.  Тестирањата на учениците нема да бидат во ист ден, туку за секој наставен предмет ќе има ден за тестирање. Една паралелка дневно може да биде проверувана само по еден наставен предмет. И покрај тоа што наставниците смируваат дека тестовите ќе бидат едноставни, сепак учениците возбудени и по малку исплашени од она што им претстои.
Дел од професорите ја подржуваат идејата на Министерството за образование за финално екстерно тестирање. Сметаат дека на овој начин учениците ќе бидат приморани преку цела година исто да се однесуваат кон учењето.
Учениците ќе знаат десетина до 15 дена однапред по кои предмети и кога ќе биде тестирањето. Трето оделенците ќе бидат тестирани интерно на крајот од месецов пред училишна комисија. Учениците од четврто до осмо оделение и средношколците ќе полагаат компјутерски, пред комисија составена од претставници од Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование. Од понудените неколку одговори ќе треба  да го заокружат точниот.

„Резултатите од тестовите ќе ја покажат ефективноста на оценувањето на наставниците“, рече директорката на основното училиште „Св. Климент Охридски“ Славица Илиќ.

“Подготовките за спроведување на тестирањата се при крај. Се надевеме дека се ќе се спроведе во најдобар ред. Нема потреба од никаква паника. Мора да се стави ред во оценувањето на учениците и да се спречи поклонување на оценки“,  вели раководителот на меѓуопштинскиот одел за западен регион при Бирото за развој, Спиро Михајлоски.

uceniciТестовите и одговорите на учениците ќе бидат компјутерски обработени од системот за екстерно оценување, за кој е надлежно Министерството за информатичко општество. По тестирањето ќе биде подготвена ранг-листа на професори, во однос на отстапувањето на оценката со која тие ги оцениле учениците од оценката која учениците ја добиле на екстерните тестови. На 20 отсто од наставниците, кои имаат  најголемо отстапување, ќе им биде намалена платата за 10 проценти во наредната учебна година, а на 20 отсто од наставниците со најмало отстапување, платата ќе им биде зголемена за 15 отсто во наредната учебна година.

Кај учениците, кај кои оценката во дневникот ќе отстапува во голема мера од онаа која ќе ја добијат на тестирањето, финалната оцена ќе им биде зголемена или намалена зависно од отстапувањето. Доколку учениците сметаат дека се оштетени со добиената оценка на тестирањето, ќе имаат право на жалба. Истот ќе важи и ако некому по екстерното тестирање му се корегира оценката што му била спуштена во дневникот.

{loadposition content9}