Skip to main content

Незадоволство кај вработените во МЈП Проаква

Причина- трет месец по ред немаат земено плата.

 |  Тања Кувенџиска  | 
strajkuvac
штрајкувач
Директорот Бранко Трпчески објаснува дека ваквата состојба е резултат на воведувањто на Законот за бруто плата. Решението го гледа во делењето на ова меѓуопштинско претпријатие.

Својот револт вработените го искажаа излегувајќи пред дирекцијата на претпријатието.
Истовремено, во дирекцијата во Струга се одржуваше состанок на Управниот одбор, со цел да се изнајде соодветно решение. За исходот од состанокот, насобраните вработени ги информира претседателот на синдикатот. Тоа очигледно не ги задоволи нивните очекувања- новите информации беа дочекани со негодување.

Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчески, за денешните случувања вели дека биле очекувани. Причините ги гледа во реализацијата на Законот за бруто плати, според кој секој правен субјект е должен во целост да ги исплати бруто платите- во овој случај и за охридскиот и за струшкиот дел од претпријатието.

strajkuvaciТоа што не се обезбедени средства за плати на вработените во струшкиот дел од претпријатието,  Трпчески го наведува фактот што години наназад поголемиот број жители на општина Струга не ги подмируваат своите обврски кон ова претпријатие.
Според првиот човек на МЈП Проаква, најсоодветно решение е конечна реализација на веќе започнатата делба на меѓуопштинското претпријатие.
 
Вработените најавија дека доколку не им бидат исплатени заостанатите плати, ќе го активираат уредно најавениот штрајк.

 

{loadposition content9}