Skip to main content

Акција на чистење на реките кои се влеваат во езерото

Денес, од цврст отпад се чистеа реките кои се влеваат во Охридското езеро. Во акцијата беа собрани околу 30 кубици отпад.

 |  Татјана Маленкова  | 
reka
река

Денес, од цврст отпад се чистеа реките кои се влеваат во Охридското езеро. Во акцијата беа собрани околу 30 кубици отпад.  Оваа иницијатива на ЈП „Охридски комуналец“ не ја подржа ниту едно еколошко друштво.

Од цврст отпад се чистше реката што тече низ селото Рача и реката Грашница во населбата Даљан, а деновиве ќе се чисти и рекета Черава.

„Најголем проблем во загадувањето на езерото од цврст отпад е реката Грашница, проблематична е и реката Сатеска. Како директор на јавното претпријатие ќе контактирам со директорите на ЈП од Струга и Дебрца, за и таму да се делува и да се исчисти и тој дел од езерото“ рече Павловски. Тој напомена дека треба да се работи и на јавната свест кај населението.

cistenje„И покрај тоа што владата донесе и Закон за јавна чистота, мислам дека сеуште граѓаните не го почитуваат многу“, рече директорот на ова ЈП.

„Целта на  денешната акција беше да ја подигнеме јавната свест кај месното население. Сакавме во чистењето да се приклучат и граѓаните, невладините организации, еколошките друштва. За жал, на наше големо разочарување, никој не покажа интерес да се вклучи во оваа акција“, рече Стевчо Маслов, шеф на јавна хигиена.

Од ЈП „Охридски комуналец“ не информираа дека денешниот ден, на накој начин претставува подготовка за Охрид пред претстојните празници, но и за претстојната туристичка сезона.

{loadposition content9}