Skip to main content

Со Велики четврток започнуваат последните денови од Христовото страдање

Во народот постојат голем број обичаи и верувања исполнети со овој ден.

 |  Валентина Нелоска  | 
jajca
јајца
Посебно внимание се посветува на вапсувањето велигденски јајца. Домаќинката, најпрво вапсува три црвени јајца, а првото јајце е  наменето на Господ и се вика Господово јајце, кажува нашата сограѓанка Олга Балева.

Обичаите и верувањата  поврзани со првото  јајце  се во знак дека тоа  има заштитна моќ . Тоа  стои пред иконата и служи да го штити  домот од  пожар, гром и   разни  несреќи, а  се лекуваат луѓето и стоката.
Охриѓани, пред многу години црвеното јајце го  користеа да ги  смират езерските бранови кога рибарите одеа на риболов и кога ќе фатеше силно невреме се сеќава 75 годишната Олга Балева.
Православните христијани Велики Четврток го  одбележуваат  со строг пост и посета на црковните храмови, кажува Балева.

Olga BalevaВо црква се  бдее цела ноќ до изутрина, а  при тоа се пејат 12 Евангелија. Секој држи дванаесет свеќи и како завршуваат пеењата по евангелието се гаси секоја поединечно објаснува Балева. Вечерва , во сите охридски парохиски цркви има  Богослужби. 

Од  18:30 часот ,  во сите верски храмови  ќе започне  одржувањето на Бдението со читањето на 12-те Страсни Евангелија.

{loadposition content9}