Skip to main content

Инспектор за природа во Охрид

Заштитата на природните богатства во Охридскиот регион ќе ја контролира инспектор за  заштита на природата.

 |  Татјана Маленкова  | 
Igor Trajkoski
Игор Трајкоски
Тој за ТВ М истакна дека посебно внимание во својата работа ќе посветува на состојбата со националниот парк.

Од неодамна во рамките на Државниот Инспекторат за животна средина при министерството за животна средина и просторно планирање за Охрид е назначен   Државен инспектор за природа. Согласно законот овластувањата на Инспекторот се насочени кон забрана за собирање на заштитени растителни видови, забрана на отстрел на заштитени животни, забрана на промет со природно богатство, воедно и ја информира јавноста за состојбата со зачуваност на природата конкретно во Охридскиот регион. Мојата функција како инспектор е во согласност со законот за животна средина и се однесува на заштитата на прионите богатства, вели  Игор Трајкоски, Државниот инспектор за заштита на природата.

Igor TrajkoskiТрајковски За ТВМ истакна дека посебно внимание во својата работа ќе посветува на состојбата со националниот парк.

„Се надевам на добра соработка со сите институци и граѓани со цел добивање на повисок степен на заштита на природата во Охрид и охридскиот регион. Таа соработка ќе биде клучна за исполнување на законските обврски и за заштитата и за казнената политика – изјави Игор Трајкоски. Инспекторот ќе биде со седиште во просториите на Секретаријатот за заштитана сливот на Охридското Езеро во Старото Светиклиментово училиште.

 

{loadposition content9}