Skip to main content

Туристички придружници

При патувањето во странство туристите мора да бидат водени од придружник.

 |  тања Кувенџиска  | 
Verica Hajba
Верица Хајба
Туристичките работници незадоволни коментираат- „за жал најчесто тоа се луѓе кои не ги поседуваат потребните знаења“.

Од Министерството за економија објаснуваат- „ова не е нова категорија, ново е што повеќе нема да се толерираат оние кои ќе работаат спротивно на законот“.

Ќе се казнуваат Туристичките агенции чии групи ќе патуваат во странство без овластен придружник. Станува збор за лице- задолжено да ја прати групата до крајната дестинација, но не и да ја води до туристичките знаменитости на земјата. Поточно, да ги познава најзначајните туристички региони во светот и места во Македонија, општественото уредување, царинските и банкарските работи, сообраќајните можности, да поседува комуникативни способности и користи најмалку еден светски јазик.

OhridЕкспертите укажуваат дека станува збор за категорија општоприфатена во светот. Работата на туристичкиот придружник ќе придонесе за поголема професионалност  во областа на туризмот, велат тие.

Од друга страна, туристичките работници не се задоволни од воведувањето на категоријата туристички придружник. Вообичаено, надлежното министерство ја воведе без консултација со луѓето- директно вклучени во оваа област, коментираат тие. И покрај легитимациите кои ги поседуваат, туристичките придружници не ги поседуваат и потребните квалификации.

Доделувањето на легитимациите за туристички придружник е во тек. Освен факултетот за туризам и угостителство, тие се издават и од страна на  Здружението на туристички водичи на Македонија.  

 

{loadposition content9}