Skip to main content

Администрацијата мора да се усовршува

„Раководниот кадар и администрaцијата треба постојано да се докажуваат во работата“, – вели градоначалникот  Петрески.

 |  Валентина Нелоска  | 
Aleksandar Пetreski
Александар Петрески
„Раководниот кадар и администрaцијата треба постојано да се докажуваат во работата“, – вели  градоначалникот  Петрески.

Граѓаните се поделени во рамислувањата како во минатиот  четири годишен  период функционираа инспекциските комунални служби и останата општинска  администрација. Некои се задоволи, а  некои не. На тоа градоначалникот Александар

Петрески истакнува дека иако тимот  кој  победува не се менува ничие работно место не е загарантирано, од сите во престојниот период  ќе бара поголема одговорност во работата.

kabinetПрвиот човек на градот појаснува дека  раководниот тим и административните службенци во иднина ќе мора постојано да се докажуваат со својата работа и пред граѓаните и пред него за да има постојано добри резултати пред граѓаните.  Јас во минатиот период бев успешен градоначалник  благодарени на администрацијата , но  и голем број одговорности носев на својот грб, но тоа во иднина ќе се  промени.

Тој најави за скоро време и нови  вработувања во администарцијата со влегувањето на општината во втората фаза на децентралзиацијата, а и нови конкурси за избор на генерални директори  во трите јавни претпријатија.

Градоначалникот Петрески истакнува дека  е задоволен од работата на секторот за економскиот локален развој  бидејќи општина Охрид во изминатите 4 години остварила добри резултати со добивање на проекти со кои  по успешноста е на врвот на трите водечки општини.     

 

{loadposition content9}