Skip to main content

Мирен протест против укинувањето на веронаукатa

Го одржаа членовите на Здружението на граѓани „Христо Узунов“.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Nikola Siskoski
Никола Шишкоски
Членови на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ одржаа мирен протест против решението на Уставниот суд за укинување на одлуката за воведување веронаука во македонското основно образование.  

Сметаат дека ваквата одлука на Уставниот суд, донесена минатата недела, е погрешна. „Подобро нашите деца да учат за верата, одколку  да тргнат по лоши патиштаё“ вели Никола Шишкоски, претседателот на ова граѓанско здружение.

Веронауката беше воведена во македонското основно образование во септември минатата година, а истиот месец Либерално-демократската партија ја обжали пред Уставниот суд.

sobir graganiВо меѓувреме, околу 70% од учениците, по одлука на нивните родители, почнаа да посетуваат настава по веронаука предавана од свештени лица. 30% пак, започнаа да учат историја на религиите.

Одлуката на Уставниот суд се очекува да биде објавена на почетокот на идната недела – односно 10 дена по нејзиното донесување. Во меѓувреме се очекува наставата да продолжи се додека не стигне службено известување до директортите на училиштата.

 

{loadposition content9}