Skip to main content

Охрид се промовира на туристичкиот саем во Крагујевац

Охрид, како туристичка дестинација, се престави на сопствен штанд на првиот меѓународен саем за туризам во Крагујевац.

 |  Валентина Нелоска  | 
saem
саем
Охрид, како туристичка дестинација, се престави на сопствен штанд на првиот меѓународен саем за туризам во Крагујевац.

Презентацијата на Охрид беше од страна на одделението за туризам при Секторот за локален економски развој. Тие саемот го оценуваат како мошне успешен. На охридската ривиера последните неколку години најбројни се  туристите од нашиот северен сосед. Србите повторно  покажаа голем интерес за летување во нашиот град вели Весна Анѓелеска  од општинскиот сектор за туризам.

saemПромотивен туристички материјал имаше доволно додава Анѓелеска. На Саемот се преставија  расположливите хотелски капацитети на охридската ривиера, културно-историските  споменици, забавата, занаетите.

На меѓународниот саем за туризам во Крагујевац учествуваше и охридскиот стопанственик-кувенџија и поранешен општински советник, Ацо Димитриески. И неговите впечатоци се позитивни од учеството на саемот. Со особено задоволство го истакнува зацврстувањето на меѓусебните релации на двете општини кои воедно се и збратимени. Неговите очекувања се дека и ова лето, Србите ќе бидат  повторно најбројни гости на охридското крајбрежје.

{loadposition content9}