Skip to main content

И „нормалните“ убиваат

Во само месец и половина, во Охрид, две љубовни приказни завршија фатално.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Liljana Batkoska
Лилјана Баткоска
Генетската структура на личноста и влијанието на околината се пресудни фактори кои влијаат да се изврши убиство, велат стручните лица. Може превентивно да се дејствува, но недостига соодветна екипираност во институциите.

За краток период две убиства ја потресоа охридската јавност. Последното се случи пред неколку дена. И во двата случаи- жртвата е дел од љубовна врска во која вториот актер е токму убиецот.
За жал сведоци сме дека вакви убиства се случуваат се почесто.

Стручните лица велат: генетската структура на личноста на извршителот игра пресудна улога за тој да убие. Сепак, не е за занемарување и влијанието на надворешното опкружување.

mesto na zlostorstvoНајновите податоците од областа на светската криминалистика говорат дека: дури 80 % од извршителите на тешки кривични дела- убиства, се луѓе со нормален психички склоп. Додека пак, 20% од извршителите се луѓе со душевни заболувања, како и заболувања поттикнати од употреба на наркотици, стероиди или алкохол, вели професор Баткоска.

Душевните заболувања можат навремено да се откријат од страна на стручни лица, особено на самите работни места. За разлика од порано, кога во секое претпријатија задолжително беше вработен и психолог, сега тоа не е случај, потенцира професор Баткоска.      

 

{loadposition content9}