Skip to main content

Подготвени за интервенција

Охридскиот аеродром подготвен како да интервенира доколку се појави патник со симптоми на свински грип.

 |  Татјана Маленкова  | 
аmbulantno vozilo
амбулантно возило
Охридскиот аеродром подготвен како да интервенира доколку се појави патник со симптоми на свински грип.

Насоки во медицинската служба стигнуваат  и од национални, но и од меѓународно ниво.
Пандемија сеуште нема, но нивото на ризик е од  висок 5 ти степен. Секторот за безбедност на аеродромот и во негови рамки медицинската служба е во постојан контакт со заводот за здравствена заштита не само во Охрид, туку и на највисоко државно ниво, вели д-р. Лидија Илиевска шеф на медицинската служба.

vlezОд час на час се менува бројот на откриени случаи во голем број земји на  заразени со свински грип. Последните информации говорат дека досега светстката здравствена организација посочува 9 земји  како ризични. Патниците кои доаѓаат од овие ризични земји се контролираат и пратат не само во авионот при слетувањето на Охридскиот аеродром, туку се пратат во текот на 10 дена од престојот, вели Илиевска.

Инаку Светската здравствена организација (СЗО) го подигна степенот на тревога од четврти, на петти степен, бидејќи вирусот на новиот грип се шири без знаци на забавување.Ова е прв пат во последните 25 години СЗО да го крене степенот на готовност на пет, од вкупно шест нивоа.

 

{loadposition content9}