Skip to main content

Нов проект на USAID

Проектот на УСАИД за конкурентност ја презентираше  Националната програма за практикантска работа и вработување.

 |  Татјана Маленкова  | 
baner
банер
Проектот на УСАИД за конкурентност ја презентираше  Националната програма за практикантска работа и вработување.

„Целта на проектот е зголемување на конкуретната позиција на Македонските претпријатија на глобалниот пазар“, вели Лидија Данческа од УСАИД.

Проектот на УСАИД за конкурентност организира промоција на Националната програма за практикантска работа и вработување “Моја кариера” меѓу студентите и деловната заедница во Охрид и Струга.  Овие  настани се дел од серијата на промотивни настани  во единаесет градови низ Македонија каде на студентите и деловните луѓе им се презентираат предностите на оваа програма. Изготвена е и посебна програма со стопанствениците, сега се работи на претпоставки финансиски, правки институционални, кои треба да ги зацврстат мостовите на соработка и да се ублажи јазот кој постои помеѓу овие свери, вели проф. Д-р. Пере Алслимоски од Факултетот за туризам и угостителство.

predavanjeСо овој проект на УСАИД се рашаваат многу проблеми. Благодарение на него многу кадри ќе најдат работа, вели градоначалникот Александар Петрески   кој присуствуваше на презентацијата на оваа програма. Треба да има што поскоро комплетна  децентрализација во образованието, додава тој.

Целта на проектот е зголемување на конкуретната позиција на Македонските претпријатија на глобалниот пазар, вели Лидија Данческа од УСАИД.

Ќе организираме и подготвителни обуки за студентите затоа како се пишува кратка биографија и мотивирачко писмо. Со тоа ќе ги развиеме нивните комуникациски вештини. Слични активности ќе организираме и за компаниите во однос на методологијата за практиканската работа, вели Данческа.Досега на порталот www.mojakariera.com.mk регистирани се преку 350 студенти, а во моментов, над 50 од нив се ангажирани како практиканти во повеќе македонски компании. Цел на оваа програма е до крајот
на годината да се реализираат преку 500 структурирани и организирани практикантски ангажмани од кои половина ќе прераснат во постојани вработувања. 

 


{loadposition content9}