Skip to main content

Распишан конкурсот за нови студенти на MИМ

Студентите покрај теоретски, ќе стекнуваат знаења преку пракса. Тоа всушност е и предноста на МИМ, за разлика од другите високообразовни институции, велат од таму.

 |  Татјана Маленкова  | 
MIM
МИМ
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го распиша конкурсот за нови студенти за следната година. И годинава, заинтересираните средношколци ќе можат да изберат една од студиските програми кои ги нуди високата школа – новинарство или односи со јаност. Досегашните искуства говорат дека 90 насто од студентите, кои изминативе години ја завршија оваа висока школа, веднаш беа вработани. „Запишувањето  на високата школа за новинарство само ја потврди сликата која ја имав за неа. Таа е одличен избор за сите кои вистински го сакаат и го почитуваат новинарството“ вели Валентин Петрески, студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Покрај академски професори, на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, предавачи се и луѓе практичари, долгогодишни новинари или лица кои доаѓаат од агенциите за односи со јавноста. Тие на многу практичен начин им го пренесуваат занаетот на идните свои колеги.

studentiБројот на студенти на двете насоки е ограничен. Годинава вкупно ќе бидат запишани 70 студенти или по 35 на двете насоки. Предавањата и вежбите се реализираат во мали групи, за предавачите да можат да му се посветат на секој студент, но и за студентите да имаат доволно простор за завршување на задачите.
За тие што први ќе се пријават, Високата школа обезбедува стипендии во висина од 500 евра, вели Александра Теменугова, раководител на наставна програма во МИМ.

Најдобрите студенти на насоката новинарство ќе можат да го поминат петтиот семестар во Данската школа за медиуми и новинарство, а оние на односи со јавност во универзитетот на применети науки во Виндејсхем, Холандија.

 

{loadposition content9}