Skip to main content

Реалноста на македонскиот работник не е розова

Наместо со протести, годинава, правата на работникот ќе се штитат со преговори.

 |  Тања Кувенџиска  | 
rabotnik
работник
Македонскиот работник едвај врзува крај со крај во месецот. Со месечните примања- ако воопшто ги добие, најчесто може да купи храна. За да се платат сметки за вода и струја- не станува ни збор. Голем број преживуваат користејќи ги парите од земените кредити, за кои се приморани месечно да издвојуваат повеќе од половината семеен буџет.

carsijaСветската економска криза дополнително ја влоши, ионака тешката состојба во која се наоѓа работникот, вели Драган Цветаноски од ССМ.
Окрупнувањето на синдикалното движење и заштитата на правата на работникот- се само дел од идните заложби на Сојузот на синдикати на Македонија.

За разлика од минатите години, оваа нема да се одржат традиционалните протести на работниците по улиците на Скопје. Како што велат од ССМ, правата на работниците ќе се штитат со преговори, а не со излегување на улица.   

 

{loadposition content9}