Skip to main content

Хотелското ѓубре не смее да се пали

За Хотелите кои не го подмириле долгот кон ЈП Охридски Kомуналец, судски постапки.

 |  Татјана Маленкова  | 
devojka
девојка
Од годинава хотелските капацитети наместо по килограм, на ова јавно претпријатие за услугата ќе ми плаќаат по метар квадратен. Со ова нова одлука, ќе се избегне лошата навика на некои несовесни раководители на хотели, кои за да не плаќаат, сметот го палеа.

plazaСе изготвуваат и каматните листи за периодот за кој постои долгот, велат од Комуналец. Од годинава ЈП воведува нов начин на наплата за услугата кревање и депонирање смет. Наместо по килограм, одсега Хотелите се задолжени да плаќаат по метар квадратен.

Од јавното претпријатие и од општинскиот инспекторат се надеваат дека со новиот начин на наплата на услугата, ќе се реши долгогодишниот проблем со наплата. Од таму велат дека конечно ќе се стави крај и на еколошкиот проблем кој го предизвикуваа некои несовесни менаџери на хотелски капацитети, кои за да неплатат, сметот го палеа.

 


{loadposition content9}