Skip to main content

Кошаркарите на АМАК СП на прием кај Петрески

Кошаркарите и сопствениците на АМАК СП, денеска се сретнаа со градоначалникот.

 |  Татјана Маленкова  | 
pehar
пехар
Кошаркарите и сопствениците на АМАК СП, денеска се сретнаа со градоначалникот.

Тој им подари 300 000 ден како награда за освојувањето на купот, посакувајки им уште многу награди во иднина. Овие успеси се многу важни не само за клубот , туку и за Охрид и за Македонија, рече Петрески.

pehari „Со овој потег локалната пријатно не изненади. Навистина оваа награда е мотив плус да продолжиме по патот по кој сме тргнале“, рече сопственикот на клубот Венко Шапкар.

На средбата градоначалникот на кошаркарите, но и пред новинарите вети, дека локалната ќе направи се да заживеат сите спортови во градов. Со новиот урбанистички план на просторот кај спортскиот центар се предвидува изградба на нови спортски терени. Доградба на големиот стадион, изградба на два базени и терени за тенис.

„Ваков комплекс му е повеќе од потребен на Охрид“, рече пред присутните Петрески.

 

{loadposition content9}