Skip to main content

Одбележан 20 мај- Денот на пожарникарството

Охридските пожарникари на поклон добија ново возило и опрема.

 |  Тања Кувенџиска  | 
pozarnikari
пожарникари
Охридските пожарникари го одбележаа 20 мај- Денот на пожарникарството.  Преку вежби ги покажаа своите вештини при гаснење на пожар и спасување на повредени во сообраќајна несреќа.

voziloПритоа, беше користено и новото противопожарно возило и опремата- донирани од фондацијата „Флоријан“,  кои официјално денес и беа предадени на општината.

Вработените во Противпожарната единица денес ги демонстрираа и вештините стекнати во текот на двонеделната обука спроведена од страна на англиски и француски инструктори- пожарникари.

Градоначалникот Петрески, потенцира дека за  непречено функционирање на противпожарната единица во Охрид, неопходно е покрај вложувањето во кадар, да се инвестира и во опрема.

Петрески најави дислоцирање на Противпожарната станица, заедно со полицијата и затворот. Како што потенцира градоначалникот, тие ќе бидат сместени на многу посоодветно место од колку што тоа е строгиот центар на градот.

 

{loadposition content9}