Skip to main content

Охриѓани отворено зборуваа за проблемите од урбанизмот

Првиот човек на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам оствари средба со охриѓани.

 |  Тања Кувенџиска  | 
граѓани
gragani
Директорот на Државниот иснпекторат за градежништво и урбанизам денес оствари средба со охриѓани. Му беа предочени бројни нерешени проблеми од областа на урбанизмот и градежништвото, за кои години наназад не се изнашло соодветно решение.

graganiЦелта на ваквата средба е да се увиди кои биле пречките поради кои на граѓаните им било оневозможено да ги остварат своите права.
Средбите од овој тип, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво ги одржува еднаш неделно во различни градови низ Македонија. Минатата недела можност отворено да разговараат за своите проблеми од областа на урбанизмот и градежништвото имале жителите на Битола.

 


{loadposition content9}