Skip to main content

Oхридските Власи сакаат да формираат фолклорна група

Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра.

 |  Валентина Нелоска  | 
vlav
влав
Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра.

Подршка во остварување на оваа намера имаат од Здружението на Власи „Луњина“. Целта им е заживување на поранешното играорно друштво. По преземените активности се пријавиле 15 – тина деца, кои за жал не продолжиле поактивно да ги изучуваат влашките игри и песни вели Лабро, иако им биле понудени просторни можности.

Dona LabroИнаку кореаграфот Дона Лабро се присетува на ентузијазмот и љубовта со која членовите настапувале во фолклорното друштво од 70-те години на минатиот век. Лабро и неговиот пријател хармоникашот Васил Балук успешно раководеле и го негувале богатиот влашки мелос. Со фолклорната група во која имало дури три постави настапувале на Влашки вечери, на Балканскиот фестивал во Охрид , на Илинденските денови во Битола.  

Здружението на Власи „Луњина“ активно работи на промоција на влашката култура, јазик и обичаи. Организира бесплатно изучување на влашкиот јазик со подршка на католичката и православната црква. Соработува со влашките  здруженија од земјава и Балканот за афирмација на цивилизациските придобивки на Власите. Претседателот на Здружението „Луњина“, Драган Коровешоски вели дека Република Макеоднија во поглед на правата на Власите има најдалеку отидено. Сепак, тој смета дека државата треба да им обрне подеднакво  внимание на сите народи кои живеат на овие простори.
Во Охрид, бројот на Власите е околу 2000 вели претседателот на влашкото здружение, Коровешоски. Бројот е и поголем , но разен сплет на околности придонеле голем број Власи да не го познаваат јазикот  и влашката култура ,додава тој.
 
Денес во Македонија се одбележува Националниот ден на Власите.

 

{loadposition content9}