Skip to main content

Во охридскиот суд нема непотизам!

Во Охрид нема ниту еден случај во кој судија и адвокат се во роднински врски, велат од охридското Здружение на адвокати.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Александар Гоџо
Александар Гоџо
Во Охрид нема ниту еден случај во кој судија и адвокат се во роднински врски, велат од охридското Здружение на адвокати.

advokatska kancelarijaДа ја добиеме оваа информација бевме испровоцирани од неодамнешната изјавата  на министерот за правда, Михајло Маневски. Имено, тој потенцираше дека не може адвокат да оди на судење кај судија негов брачен другар или близок роднина. „Власта ќе направи обид преку законска регулатива да го намали непотизмот во судството. На одреден начин ќе се спречи да дојде до однесувања кои што се надвор од рамките на законот“, изјави министерот Маневски. 

Адвокатите со свој став по ова прашање. Претседателот на охридското Здружение на адвокати, Александар Гоџо, вели дека според неговите сознанија во Македонија има само неколку случаи каде адвокат и судија се во крвно сродство. Тој смета дека и со постојниот закон е оневозможена појавата на непотизам и многу е тешко да дојде до прекршување на истиот. 

Останува да видиме дали најавената законска регулатива ќе биде спроведена, бидејќи ваква иницијатива имаше уште пред една година, но остана само најава.

{loadposition content9}