Skip to main content

„За посреќно детство“

Под мотото „За посреќно детство“ Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна  спортско-рекреативна акција за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.

 |  Лионела Јаковлева  | 
logo
лого
Под мотото „За посреќно детство“ Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна  спортско-рекреативна акција за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.

aktivst na Crven krstСамо со донација од 30 денари секој граѓанин може да усреќи некое дете.

Во сабота ќе се одржи третата хуманитарна спортско-рекреативна акција во која ќе се прибираат средства од спонзори и донатори. Младите пак можат да земат учество во различни спортско-рекреативни содржини купувајќи учеснички број кој чини 30 ден.

Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата ќе може да се натпреварува во повеќе дисциплини и тоа шах, пикадо, не лути се човеку, бадминтон,хокеј на трева, баскет и многу други спортски и културно-забавни содржини. Собраните средства и материјални добра ќе бидат распределени на социјално најзагрозените семејства во градов, а пред се на нивните најмлади членови

Манифестацијата ќе се одржи од 11 часот, а секој кој ќе купи учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 100 вредни награди, како седум дневно зимување на Копаоник, викенд во хотел Бистра, телевизор, ДВД плеер, компјутерска галантерија и др.

 

{loadposition content9}