Skip to main content

Детски екскурзии со брод, да или не?

Родителите на трето одделенците загрижени за безбедноста на своите деца, по веста дека се организира излет во училиштата со брод до Св. Наум.

 |  Валентина Нелоска  | 
brod
брод
Родителите на трето одделенците загрижени за безбедноста на своите деца, по веста дека се организира излет во училиштата со брод до Св. Наум.

Излетот засега го има реализрано само ОУ „Григор Прличев“. Раководителите на останатите училишта се уште не се одлучиле како ќе ја изведат ескуризјата.

brodoviРодителите се плашат за безбедноста на децата кои треба да патуваат повеќе од еден час на брод.
Повеќе училишта сеуште не ја имаат реализирано пролетната ескурзија и чекаат согласност од родителите.  Директорот на ОУ Христо Узунов, Оливија Јанева Пирузева вели дека сеуште не одлучиле како ќе ја изведат планираната еднодневна екскурзија.

ОУ Григор Прличев засега се единственото училиште кое прв пат организирало  излет со брод до Св. Наум. Третооделенците не го криеа своето задоволство како протекол  несекојдневниот излет до Св Наум.

Раководството на ОУ Григор Прличев е задоволно  од однесувањето на децата и нивната безбедност на бродот, а нивна адреса немало негативни реакции од родителите.

Претседателот на ОО на Црвен Крст, Сашо Точков изразува спремност, нивните обучени спасители на вода да ги придружуваат ескурзиите со брод за што поголема безбедност на учениците.

Основните училишта „Братство Единство“ и „Св. Климент Охридски “со кои ТВМ контактираше сеуште не одлучиле како ќе ја реализираат ескурзијата. Велат се зависи од тоа како ќе се договорат со родителите, а  наставниците ќе вложат максимален напор за безбедност на децата.

 

{loadposition content9}