Skip to main content

Зголемен бројот на срцеви заболувања

Променливото време- фактор за зголемување на бројот на срцеви заболувања.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Како превентивно да се дејствува врз негативното влијание на високите температури. На ова и слични прашања пред охриѓани ќе одговара стручен лекарски тим од специјализираната болница за хируршки заболувања Филип Втори.

активисткаПроменливото време дополнително ги зголемува срцевите тегоби. Оваа појава особено ги погодува луѓето кои се склони кон овој вид заболувања.
Како превентивно да се дејствува, во услови кога температурата на воздухот варира и по 10 степени. Што треба да се превземе кога воздушниот притисок постојано се менува и е причина за бројните главоболки и нелагодност. Како да се спречат негативните влијанија на високите температури кои ни претстојат во летниот период. Ова се само дел од прашањата на кои заинтересираните охриѓани ќе имаат можност да добијат одговор од стручен лекарски тим од Специјализираната болница за хируршки заболувања Филип Втори. Трибината ќе се одржи утре во периодот од 10 до 12 часот во просториите на општинскиот Црвен крст.

Ова е една од низата активности на општинскиот Црвен крст од областа на здравствено- превентивната дејност, а како континуитет на активностите од полето на здравствената едукација и превенција на кардио- васкуларните заболувања.
Инаку, во тек е Неделата на солидарноста. Уште една можност охриѓани да ја докажат својата хуманост.

Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат и донираат храна или облека тоа може да го направат во просториите на Црвениот крст, секој ден од 8 до 16 часот. Или пак, преку купувањето купони во повеќето маркети низ градот.

 

{loadposition content9}