Skip to main content

Бродовите кои сообраќаат по езерото се максимално безбедни

Бродовите кои сообраќаат по Охридското езеро се максимално безбедни, тврдат од Охридската капетанија.

 |  Лионела Јаковлева  | 
brod
брод
Родителите чии деца ќе одат на екскурзија со брод можат да здивнат. Капетанот Љупчо Настоски вели дека во водите на езерорто пловат пет поголеми бродови и тоа Илинден кој е регистриран за 43 патници, Кристина за 80 и Александрија, Галеб и Македонија регистрирани за по 150 патници. Сите тие еднаш годишно подложат на редовна државна контрола, а во текот на годината има и по неколку вонредни контроли.

brodКапетан Настоски појаснува дека  еден брод за  да добие дозвола за пловење мора да има противпожарен апарат, појаси за спасување и тоа толкав број за колку што патници е регистриран и други пропратни елементи

Од Охридската Kапетанија велат дека безбедноста е на високо ново и во останатите помали пловни објекти како што се чамците. Строго се контролира дали се превезуваат онолку патници за колку што се регистрирани и дали превозниците имаат завршено курс за прва помош.

 

{loadposition content9}