Skip to main content

Поголемо учество на жените

Жените треба да учествуваат во сите фази на креирање на безбедносната политика.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Жените треба да учествуваат во сите фази на креирање на безбедносната политика.Неизоставен дел се и кога станува збор за воените контигенти.

„Да ја потсетиме државата дека има превземено обврска да ја имплементира резолуцијата донесена од Советот на безбедност при Обединетите нации 1325 во 2000 година“ .

seminarОва е основната цел на учесниците на трибините кои се одржуваат во земјава како дел од Меѓународниот проект за едукација на жените и институции кои треба да допринесат во имплементацијата на оваа резолуција.

Охридското здружение на жени- Бисера денес беше домаќин на една од трибините. Уште еднаш беше потенцирано дека со заеднички сили целите полесно се остваруваат.

Инаку, резолуцијата 1325 се однесува на поголема застапеност на жените на сите нивоа на одлучување во националните, регионалните и меѓународните институции и механизми за спречување и решавање на судирите.

Планирано е да се одржат вкупно 12 трибини во повеќе градови низ земјава. Преку нив во голема мера ќе се придонесе кон актуелизирање на резолуцијата 1325, вели координаторот на проектот.
Во наредниот период Националниот совет на жени на Македонија ќе продолжи со организирањето на ваквиот начин на промоција на резолуцијата, по што ќе следи и акционен план.

 

{loadposition content9}