Skip to main content

Талентираните млади охриѓани кај градоначалникот

Младите теквондисти и стрелци од градов, на прием кај градоначалникот.

 |  Валентина Нелоска  | 
medali
медали
Охридскиот клуб „Теквондо“ брои околу 40 членови кои постигнуваат успеси како дома така и во странство. Од 20-тото Европско првенство и Европскиот куп за ученици во Умаг, Хрватска се вратија со шампионска титула и голем број први места и освоени златни, сребрени и бронзени медалји. Младата, Симона Јовческа тренира две години и е задоволна од совладувањето на боречките вештини што ги нуди теквондото.

priemИ Охридските членови од стрелачкиот клуб „Охрид“ постигнуваат одлични спортски резултати. На сите три купови пионерите во машка конкуренција се на прво место. Пионерките пак на два купа се прваци, а на еден куп освоија 3 место, вели тренерот Фене Костадинов.

Локалната самоуправа не го заборави ни генијалниот гитарист Дамјан Пејчиноски, кој ќе се натпреварува во Лондон, на Гитар Идол, а за кој ТВМ веќе пишуваше. Покрај Ротари клубот и општина Охрид финансиски ќе го помогнат Пејчиноски достојно да го престави Охрид.
Градоначалникот Петрески на средбата со младите , успешни спортисти  и гитаристото Пејчиноски истакна дека општина Охрид се гордее со своите успешни млади луѓе.

Првиот човек на градот и неговите соработници ги  охрабруваат спортистите и уметниците да чекорат по патот на успесите, а тие се подготвени да ги подржуваат финансиски  во рамките на нивните можности.

 

{loadposition content9}