Skip to main content

Додека се координираат, им помина мандатот!

Советот на град Охрид конечно се состана. Претседавач, нити се предложи, нити се избра. Долгоочекуваната седница ќе се запамети по паузите, а не по сработеното.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Советот на град Охрид конечно се состана. Претседавач, нити се предложи, нити се избра. Долгоочекуваната седница ќе се запамети по паузите, а не по сработеното.

sovetПо конститутивната седница одржана на 15 април,  на советниците им требаа скоро два месеци за повторно да се седнат во советничките клупи. Од Денешниот работен ден Советниците, повеќе време поминаа во фоајето, отколку на своите работни места.  На дневен ред имаше само една точка Избор на претседавач на советот, и истата се одложи. Немаше  предлози за претседавач, и покрај тоа што и ВМРО И СДСМ до вчера најавуваа свои сигурни кандидати.   Да не биде дека советниците ништо не сработија, формално беа изгласани составите на 11 комисии  кои претходно беа договорени на заеднича кординација во вторникот.

Првиот човек на градскиот совет ќе  се избере на   продолжението на денешната седница, кое се предложи да се одржи во вторник. Се разбира, доколку партиите конечно ги соопштат своите кандидати за оваа функција.Политичките партии со различни ставови  околу одложувањето на прашањето за избор на претсадавач на советот.

Партиските интереси немаат никава допирна точка со интересите на советот велат од СДСМ. Денеска на предлог на В.д претседавачот се гласаше за  комисиите како помошни тела на советот.

 

{loadposition content9}