Skip to main content

Стоп за енргетските пијалоци кај малолетниците

Од почетокот на годинава со Владина одлука се забрануваат енергетските пијалоци да се конзумираат од страна на малолетниците.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Од почетокот на годинава со Владина одлука се забрануваат енергетските пијалоци да се конзумираат од страна на малолетниците.

logoЃорѓи Бошалески раководител на пазaрната инспекција вели дека во продавниците не е дозволено да  се продаваат овие пијалоци  во продавниците на лица под 18 години.

Колку се штетни овие безалкохолни пијалоци побаравме одговор од нутриционистот и дијетичарот, при факултетот за туризам и угостителство, доцент д-р Ангела Василеска. Д-р Василеска објаснува дека енергетските  пијалоци во својот состав содржат кофеин, таурин, гуарана и гликоза кои имаат стимулатувно дејство сами за себе, но во комбинација со испиени неколку чаши кафе или лименка кока кола,  количината на кофеинот се зголемува и предизвикува  вознемиреност на органимот.

Се јавува анксиозност пропратена со напад на страв и паника, засилено срце биење и несоница. Нутриционистите предупредуваат овие наизглед безопасни пијалаци се лажна енергетска бомба во организмот.
Кај половина од човечката популација кофеинот се разградува многу побавно и кратко траен е ефектот од зголемена сила и енерегија, а многу поголем е негативниот ефект вели  Доцент Д-р Василеска. Таа е против конзумирање на енергетските пијалоци и ја подржува Владината одлука.  
Младите спортисти од Охрид им препорачуваат на своите врсници здраво да живеат и се против пиење енергетски пијалоци. Спортистите кои се држат до девизата во „Здраво тело здрав дух“ препорачуваат  енергијата да се црпи од зеленчукот, овошјето и секако во редовното спортување.

 

{loadposition content9}