Skip to main content

Каква туристичка сезона може да очекуваме?

Во Охрид ова лето се очекува да престојуваат месечно во просек по 20 000 гости.

 |  Николска Биљана  | 
Filip Mishev
Филип Мишев
Оваа бројка можеби ќе е нешто повисока во шпицот на сезоната, тврдат туристичките работници.Овој продолжен викенд во градов најзастапени се домашните гости и туристите од соседна Србија кои по традиција се на Охридската ревиера. Но има и такви кои се првпат овде.

turistiИма и такви гости кои  после 20 години повторно се во Охрид. Тоа се наши иселеници во Австралија. За овој брачен пар, моментите кои ги минуваат во Охрид се посебни во животот.

Хотелските капацитети во градов се во целост подготвени да ги примат првите гости. Во моментов тие се исполнети 80%, што ги задоволува очекувањата на хотелските менаџери. Раководителот на маркетинг во хотелот Метропол Филип Мишески, потенцира дека цените и годинава остануваат исти, гостите од регионот се веќе присутни, но тука се и договорите со туристите од Израел и Турција како и од  Западноевропските земји Шведска, Холандија и Германија.

Каква туристичка сезона ќе имаме никој со сигурност неможе да каже. Предвидувањата се движат од крајно песимистички до крајно оптимистички. Експертите по туризам во минатиов период препорачаа дека престои најлоша туристичка сезона, со оглед на највисоките цени кои нашите хотели ги имаат.

 

{loadposition content9}