Skip to main content

И понатаму молк во врска со барањето на ХОТАМ за намалување на ДДВ-то

Неофицијално-  тоа годинава нема да се случи.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Donco Taneski
Дончо Танески
Владата и понатаму не се изјаснува во врска со барањето на Хотелско- туристичката асоцијација за намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 5%.

Официјален одговор нема. Неофицијално пак- годинава тоа нема да се случи затоа што во државниот буџет нема пари за таа намена.

Donco TaneskiТоа значи дека, пропаѓа во вода надежта на хотелиерите, оваа сезона да формираат цени со кои ќе може рамноправно да им конкурираат на оние во регионот.  

Во тренд се ефтините аранжмани кои придонесуваат и за поголем број гости, потенцираат експертите по туризам. За да можеме и ние да ги понудиме потребна е добра волја и од двете страни: Владата, но и хотелиерите и сопствениците на угостителските објекти.

Хотелиерите коментираат дека уште пред почетокот на сезоната извршиле намалување на цените за 5- 15%. Објаснуваат дека доколку Владата позитивно се изјаснеше по нивното барање, најверојатно ќе се следеше уште една корекција- намалување на цените од 10- 15%.  

 

   
{loadposition content9}