Skip to main content

Радикални кадровски измени во СДСМ

СДСМ Ganz нов. Во тимот на Црвенковски од Охрид влезе само Митре Вељаноски.

 |  Биљана Николовска  | 
Kongres SDSM
Конгрес СДСМ
10-тиот Конгрес на СДСМ што се одржа вчера во Центарот за култура Охрид, влегува во историјата на оваа политичка партија, заради длабоката кадровска промена на партиските органи и раководните функции.

Crvenkovski i PetreskiВо рок од еден час беа познати членовите на Централниот и Надзорниот одбор во чии што состав влегоа нови членови кои досега не биле ниту кандидати ниту членови на Централниот Одбор на СДСМ. Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ изјави дека 10 тиот конгрес е потврда пред граѓаните на Р Македонија, за ветениот кадровско политички потенцијал, во кој доминираат кадри со Високо образование.

„Завршува Медениот месец на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Станковиќ.

На општо изненадување на целокупната јавност, во тимот на Црвенковски не влегоа многу звучни партиски имиња меѓу кои Владо Бучкоски, Радмила Шекеринска, Горан Минчев, Никола Попоски, Ѓорѓи Спасов, Благој Ханџиски, Илинка Митревска, Димитар Бузлески како и градоначалниците на Куманово и Охрид Зоран Дамјаноски и Александар Петрески.

Враќање на довербата на граѓаните и пораз на недемократската власт на сегашната влада се главните определби, на кои СДСМ во иднина ќе го вложи сиот свој капацитет, во остварување на основните програмски определби на партијата.

 

{loadposition content9}