Skip to main content

Душко Јаковчески прв човек на советот на општина Охрид

Кандидатот на СДСМ беше избран со 14 гласа ЗА и 9 воздржани.

 |  Татјана Маленкова  | 
„Се надевам дека во работата на советот секогаш ќе победува силата на аргументите, а не политичката опција“, рече Јаковчески.
Тој во наредните четири години ќе раководи со советот на општина Охрид. Вака одлучија Охридските избраници, на продолжението од втората седница. „Многу сум задоволен, но чувствувам и огромна одговорност, за извршувањето на оваа функција, рече Јаковчески.

 


Но пред гласањето на советниците, претходеше очекувана расправа помеѓу челновите од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ. „Мнозинството е направено од микс на крајно леви и крајно десни партии. Мислам дека ова нема да функционира, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски.
Советниците од ВМРО НП го подржуваат кандидат на СДСМ за претседател на советот, но ова незначи дека на сите прелози од оваа партија ќе гласаме во нивна полза, рече советникот на ВМРО НП Јоне Станкоски.
Се надеваме дека советот конечно ќе се демократизира, и дека советниците ќе водат квалитетна расправа. Сметам дека досега беа наметнувани едногласни одлуки. Да ги почитуваме различните мислења на советниците, затоа што  сепак ова е поинаков совет, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.
Советот никогаш не бил едногласен. Секогаш сме работеле почитувајки го законот на Р македонија и статутот на општина Охрид, рече градоначалникот Петрески. Сметам дека денешнава седница треба да биде свечена, а сите проблеми и прашања да ги оставиме за следните седници, додаде градоначалникот Александар Петрески.
Инаку првиот човек на советот на општина Охрид се избра по повемесечни договори и преговри што внатрепатиски што пазарења помеѓу различните петртиски субјекти. Душко Јаковчески е роден на 01 јануари, 1967 год. Средно обазование завршил во гимназијата Св Климент Охридски, а дипломирал на правниот факултет во 1991 год. Работи како секретар во општинското угостителско училиште Ванчо Питошески. Од 1996 до 2000 год, е советник во советот на општина Охрид, а од 2003 до 2006 год, е член на управниот одбор во Јавната здравствена установа Завод за здравстевана заштита. Јаковчески активно го владее англискиот јазик и работата со компјутери.