Skip to main content

Дополнителната настава е во тек

Во училиштата, врви од ученици како да е во тек школската година. Тоа се должи на големиот број основци кои посетуваат дополнителна настава.

ucenici
ученици
Во училиштата, врви од ученици како да е во тек школската година. Тоа се должи на големиот број основци кои посетуваат дополнителна настава.

Прекина  досегашната пракса, учениците кои континуирано имале слаба оценка пред крајот на годината, истата да им биде поправена.
Досегашниот принцип слабите оценки пред завршувањето на учебната година да им се поправаат на учениците се покажа како сосема неефективен.. Токму поради тоа се преоѓа на стариот принцип на посетување дополнителна настава. Во ОУ Христо Узунов бројот на ученици кои останаа на дополнителна настава изнесува 51. Во ОУ Григор Прличев 14 ученици. Единствено во Климент Охридски ниту еден ученик не е оставен да посетува ваква настава. Оваа  бројка на ученици кои се на продолжителна настава и која навистина не е за занемарување ги загрижува родителите, наставниците и психолозите. Предметот математика како и вообачаено најтежок за учениците па така и  најмногу основци го надополнуваат знаењето на овие часови.

Се  наметнува прашањето дали воведувањето на ваквата настава  е поврзано со неодамнешните екстерни оценувања и дали стравот од истите допринесе да се поработи на знаењето на учениците. Причината поради која се воведува ваквиот принцип на работа е во одреден временски период да се надополни изгубеното знаење во текот на учебната година.
Сепак останува да се надеваме дека бројката на овие ученици во иднина ќе се намали, соработката помеѓу наставниците, родителите и учениците ке се продлабочи и сето тао ке  допринесе за подобар успех на основците.


{loadposition content9}