Skip to main content

Органска храна за пример

Регионален еколошки центар од Будимпешта во посета на производителите од Грашница.

magdonos
магдонос
Регионален еколошки центар од Будимпешта во посета на производителите од Грашница.

Дојдоа да видат до каде е реализацијата на проектот за преструктуирање на земјоделието и производство на органски здрава храна.

plastenikОхридските екологисти разменија искуства со нивни колеги од Будимпешта во врска со  реализацијата на проектот за преструктуирање на земјоделието и производство на органски здрава храна за Охридско- Преспанскиот регион. Тој е финансиран од РЕЦ- Регионален еколошки центар од Будимпешта. Грашница како членка на Европската Федерација на екологисти на ниво на Европа беше домакин на представниците на  еколошкиот центер со цел да се види како се одвива производството и пласманот на овој вид храна и каква е соработката со соседните замји.

Во прилог на развој на туризмот во Охридско- Преспанскиот регион оди и производството на органски здрава храна. Со иницијативата за ваков тип производство се заштитува и животната средина, а се овозможува и збогатување на елитниот туризам.

Производството на органски здрава храна ќе ни овозможи на само здраво да се храниме туку воедно да ја заштитиме и природата, рече Стојаноски. представниците на шведскиот интернационален центар за подршка во земјоделието упатија поддршка и пофални зборови за земјоделците.

 

{loadposition content9}